Дома Фудбал Јувентус се договори со Челси за позајмица на Веига

Јувентус се договори со Челси за позајмица на Веига

По повредата на Бремер, Јувентус се најде во голем проблем и одбраната повеќе не е на високо ниво, што се гледа и во нешто послабите резултати.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Затоа „Бјанконерите“ решија да реагираат во јануарскиот трансфер период, така што по Алберто Кошта, во Торино наскоро треба да пристигне уште еден Португалец.

Според „Скај Италија“, Јувентус ќе ги засили своите редови со ангажирање на Ренато Веига (21) од Челси, каде што ќе пристигне на позајмица до крајот на сезоната, за што Италијанците ќе платат 4.500.000 евра.

Откако стана јасно дека од Роналд Араухо нема ништо, Јуве се сврти кон други решенија, па изборот падна на Веига, кој пристигна на „Стемфорд Бриџ“ од Базел пред само шест месеци.

Англичаните првично бараа 20.000.000 евра за трансферот, но договорот на крајот беше постигнат околу позајмица, на крајот од која нема опција за откуп по фиксна цена, додека Челси ќе ја плаќа платата на играчот до крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На Алекс Фергусон му се слоши на “Олд Трафорд”, го однесоа со брза помош

Легендарниот поранешен менаџер на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, бил пренесен во болн…