Дома Фудбал Англија Јунајтед ќе му ја одземе капитенската лента на Мегваер

Јунајтед ќе му ја одземе капитенската лента на Мегваер

Хари Мегваер нема повеќе да биде капитен на Манчестер Јунајтед, пренесуваат медиумите на Островот.

„Црвените ѓаволи“ поминуваат низ голема резултатска криза и после поразот од Ватфорд (4:1) решија да му врачат отказ на тренерот Оле Гунер Солскјер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Најскапиот дефанзивец на светот игра очајно оваа сезона и е еден од најголемите виновници за слабите резултати. Чашата ја прели фактот дека Мегваер после дебаклот од Ватфорд бил на забава, а го издаде една фотографија на негов пријател, со кој се сликал.

Ова челниците на Јунајтед не му го простиле, па така сега се најавува дека каптенската лента ќе оди кај Кристијано Роналдо, дека тој со својот авторитет ќе мора да го подигне тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Египет со гол на Салах се спаси од бламажа против 129. репрезентација на светот (ВИДЕО)

Мохамед Салах го извлече Египет на отворањето на Африканскиот куп на нации. Ѕвездата на Ли…