Дома Топ вести Јунајтед убеден дека ќе го добие Де Јонг на „попуст“

Јунајтед убеден дека ќе го добие Де Јонг на „попуст“

Манчестер Јунајтед е се поуверен дека ќе успее да ги обезбеди услугите на играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, пренесуваат медиумите на Островот.

Авторитетниот италијански новинар Фабрицио Романо вчера објави дека двете страни веќе започнале поконкретни преговори. Барселона за играчот одреди цена од околу 85 милиони евра, но „црвените ѓаволи“ се сигурни дека таа ќе биде намалена во преговарачкиот процес, бидејќи Каталонците се притиснати од финансиските проблеми.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Де Јонг има сомнеж за преселба на „Олд Трафорд“ бидејќи сака да игра во Лигата на шампиони, но Тен Хаг одлично го познава својот сонародник и ќе го убеди да се пресели во Манчестер Јунајтед.

Јунајтед веќе ја подготвил својата прва официјална понуда и таа ќе биде вредна 50 милиони фунти. На „Олд Трафорд“ не очекуваат да биде прифатена, туку само да стане појдовна точка за понатамошниот правец на разговорите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Изјавата на Ристовски која денес изгледа како предвидување

Тимот на Динамо Загреб освои големи три бода во вчерашното дерби со Ријека и така дојде на…