Манчестер Јунајтед не се откажува од своите мети од Борусија Дортмунд, секако станува збор за тандемот Халанд – Санчо.
Веќе подолго време се шпекулира за откупната клазула која Норвежанецот наводно ја има во договорот. Ако таквите информации се точни Халанд ќе може да замине од Борусија за 68 милиони фунти. Во таква ситуација „милионерите“ не би се прашувале многу иако важноста на договорот на Халанд е до 2022 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Втората мета е добро позната, Џејдон Санчо. Јунајтед и во последниот преоден рок многу се поврзуваше со Санчо. Двата клуба не успеаа да се договорат за сумата, меѓутоа Дортмунд нема да попушти и сега, па за Санчо бара 108 милиони фунти.
Во случај да дојде до таков договор Јунајтед за Санчо и Халанд би платил 176 милиони фунти и со тоа би создал еден супер напад. Останува времето да покаже дали има вистина во ваквите најави.