Дома Топ вести Јунајтед одби да преговара со Реал за трансферот на Погба

Јунајтед одби да преговара со Реал за трансферот на Погба

Манчестер јунајтед одби да преговара со Реал Мадрид за трансферот на Пол Погба, пренесуваат шпанските медиуми.

Претставници од шпанскиот клуб стапиле во контакт со Манчестер Јунајтед за да започнат преговори за евентуален трансфер на Погба на „Сантиаго Бернабеу“, но добиле одговор дека играчот не е на продажба.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Зидан јасно до знаење му ставил на Флорентино Перез дека го сака својот сонардоник, па „кралевите“ биле спремни да му ја исполнат желбата.

Меѓутоа, „црвените ѓаволи“ немаат намера да ја продаваат својата ѕвезда, бидејќи Солскјер смета дека Погба е клучен играч во неговите планови.

Меѓутоа, Реал нема лесно да се откаже од намерата да го донесе Погба во своите редови. Играчот сака да соработува со Зидан и е спремен да изврши притисок врз Манчестер Јунајтед да го продаде.

Во тој случај „црвените ѓаволи“ ќе бидат приморани да седнат на преговарачка маса, но сигурно нема да прифатат понуда помала од 150 милиони евра.

Минатата сезона, 26-годишниот Французин играше на 47 натпревари за Манчестер јунајтед, постигна 16 гола и забележа 11 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед ја купува незадоволната ѕвезда на Челзи

Oфанзивецот на Челзи, Кристофер Нкунку сака да го напушти клубот во текот на зимскиот прео…