Дома Топ вести Јунајтед испрати рекордна понуда, Мегваер на чекор од „Олд Трафорд“

Јунајтед испрати рекордна понуда, Мегваер на чекор од „Олд Трафорд“

Англиските медиуми откриваат дека Манчестер Јунајтед испратил нова, рекордна понуда за Хари Мегваер и се оптимисти дека трансферот ќе се реализира во следните денови.

26-годишниот Англичанец го пропушти тренингот на тимот пред два дена, велејќи дека има проблеми со стомакот. Меѓутоа, Мегваер е разочаран што сопственикот на клубот не го почитува договорот да го пушти да се пресели во Манчестер Јунајтед.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Од „Кинг Пауер“ веќе одбија понуда од 70 милиони фунти од „црвените ѓаволи“, но сега Јунајтед испрати подобрена понуда.

Англиските медиуми пренесуваат дека Јунајтед испратил понуда од 80 милиони фунти, па Лестер веројатно ќе попушти врз притисокот и ќе ја прифати понудата.

Дефанзивецот чека двата клуба да постигнат конечен договор, па во следните денови треба да го комплетира трансферот на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…