Дома Трансфер зона Јунајтед започна преговори со ѕвездата на Фиорентина

Јунајтед започна преговори со ѕвездата на Фиорентина

Дефанзивецот на Фиорентина и српски репрезентативец, Никола Миленковиќ игра уште една одлична сезона и е на мета на многу европски гиганти.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед сака да ја победи конкуренцијата и веќе стапил во контакт со неговиот менаџер.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Приоритет на Солскјер на лето ќе биде доведување на централен дефанзивец и верува дека Миленковиќ може да биде „новиот Видиќ“ на Олд Трафорд.

Србинот на лето ќе влезе во последната година од договорот, па Фиорентина ќе мора да го продаде, а за неговата слобода бара 30 милиони евра.

Манчестер Јунајтед е спремен да ја плати таа сума и веќе започнал преговори со неговиот агент, Фали Рамадани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…