Крилниот фудбалер на Јувентус, Даглас Коста ова лето ќе биде цел на многу клубови и многу веројатно ќе ја промени средината.
Коста во моментов се опоравува од повредата, една од многуте поради што и оваа сезона помалку го гледавме на теренот, но без оглед на тоа, тој ќе има многу понуди за продолжување на неговата кариера.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За неговите услуги се заинтересирани англиските гиганти Манчестер Јунајтед и Тотенхем како и Пари Сент Жермен. Споменатите клубови ова лето ќе направат се што е во нивна можност за да дојдат до неговиот потпис.
Даглас Коста има договор со Јувентус до 2022 година, но со оглед на тоа што не игра многу, дури и кога е целосно подготвен, веројатно ќе одлучи да си замине.
Денешното издание на „Тутоспорт“, ведник кој е близок до Јувентус, открива дека „бјанконерите“ веќе ја поставиле откупната цена за Бразилецот.
Од италијанскиот клуб за Даглас Коста ќе бараат околу 50 милиони евра, сума која се спремни да ја платат споменатите клубови.
Пред Јувентус, Коста играше за Баерн Минхен и Шахтјор. Во текот на оваа сезона запиша 24 натпревари на кои постигна еден гол и запиша две асистенции.
Италијанските медиуми пренесуваат дека во моментов Тотенхем е најконкрентен и веќе стапил во конаткт со Јувентус, па е спремен да понуди 50 милиони евра за Бразилецот.