Дома Фудбал Италија Јувентус ја одреди цената за Филип Костиќ

Јувентус ја одреди цената за Филип Костиќ

Српскиот фудбалер, Филип Костиќ не е во плановите на Тијаго Мота за новата сезона во Јувентус, а според последните информации интерес за него покажал премиерлигашот Кристал Палас.

Костиќ е повреден и во овој момент е надвор од терените. Повредата ја заработи во настапот за Србија на Европското првенство кое се игра ова лето.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Според последните информации од Италија, Јувентус е спрeмен да го продаде Костиќ за сума од осум милиони евра.

Главна причина за интересот од Кристал Палас е тренерот Оливер Галсер со кого Костиќ соработуваше во Ајнтрахт Франкфурт. Костиќ под негово водство во германскиот клуб запиша 16 асистенции и постигна седум гола на 45 натпревари.

Сепак, медиумите го поставуваат прашањето дали Палас е подготвен да доведе фудбалер кој во овој момент се рехабилитира од повреда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Екс-ѕвезда на Манчестер сити сакала да го изигра законот: Самиот се открил со достава на храна – ќе плати над пет милиони евра!

Поранешниот француски фудбалер и голема ѕвезда на Премиер лигата, Самир Насри (38), се нај…