Дома Топ вести Јувентус ја започна „операцијата Салах“, спремна е првата понуда

Јувентус ја започна „операцијата Салах“, спремна е првата понуда

„Скај Њуз Арабија“ лансираше вистинска „бомба“ и тврди дека Јувентус сака на лето да го донесе Мохамед Салах во своите редови.

Медиумот тврди дека италијанскиот шампиони е подготвен да понуди 200 милиони евра за услугите на египетскиот репрезентативец кој блеска во дресот на Ливерпул.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Салах во 2017 година од Рома трасферираше во редовите на клубот од „Енфилд“, за кој досега на 86 натпревари постигна 64 гола.

Секако, оваа вест за многумина барем во овој момент е оценета како сензационална шпекулација од „Скај Њуз Арабија“, меѓутоа исто со неверување беше примена и веста за Кристиано Роналдо минатата година.

Планот на Јувентус е да го замени Дибала со Салах. Аргентинецот оваа сезона игра под своето ниво и „бјанконерите“ се спреми да го продадат за сума од 100 до 120 милиони евра и со тоа да го финансираат трансферот на Египќанецот.

„Тутоспорт“ денес наведува дека „старата дама“ е спремна дури да му го понуди Дубала на Ливерпул плус пари за да го добие потписот на Салах.

Имено, според весникот кој е близок до „бјанконерите“, италијанскиот шампион е спремен да го понуди Дибала плус 60 милиони евра. Наводно „црвените“ се заинтересирани за оваа зделка бидејќи сметаат дека Египќанецот е во пад на формата и тешко дека во иднина ќе ја повтори минатата сеозна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…