Јувентус е заинтересиран и спрема понуда за дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали пренесува „Газета дело Спорт“.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Старата дама“ бара замена за Џорџо Киелини, кој го напушта клубот ова лето после 17 години, а Кулибали е на врвот на листата желби.




Сенегалецот најверојатно ќе го напушти Наполи ова лето. Тој влегува во последната година од договорот, а претседателот на Наполи не ја исклучи можноста за негова продажба.




30-годишниот Кулибали сака да го напушти Наполи и верува дека сега е вистинското време да направи чекор напред во кариерата, а покрај Јувентус интерес за него покажува и Барселона.




Јувентус во наредните денови ќе испрати официјална понуда, но Наполи преферира да го продаде надвор од Италија.