Дома Трансфер зона Јувентус тргнува по Марсијал

Јувентус тргнува по Марсијал

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус покажува сериозен интерес за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал.

Алваро Мората нема да биде откупен, Дибала заминува, па Јувентус сака да донесе најмалку еден врвен напаѓач.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Газета дело Спорт“ пренесува дека италијанскиот гигант повторно се насочува кон Антони Марсијал за кого интерес покажуваше и во минатото.

Марсијал во јануари се пресели во Севиља на позајмица, но без право на откуп, па на лето сигурно ќе се врати во Манчестер Јунајтед.

Јувентус и во минатото покажуваше интерес и верува дека сега е идеален момент да испрати понуда за Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…