Јувентус е силно заинтересиран за играчот на ПСЖ, Леандро Паредес, пренесуваат италијанските медиуми.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Јувентус е во потрага по квалитетни засилувања на средниот ред, а голема желба на Алегри е токму Паредес.




Паредес има искуство во Серија А и „бјанконерите“ веруваат дека одлично ќе се вклопи и ќе биде идеален партнер на Погба во средниот ред.




ПСЖ е спремен да го продаде Аргентинецот и за неговата слобода бара 30 милиони евра, сума која Јувентус ќе се обиде да ја намали преку преговори.




„Старата дама“ стапила во контакт со агентот на Паредес и спрема понуда од 20 милиони евра плус бонуси.