Килијан Мбапе ќе биде „најжешка“ трансфер тема следното лето бидејќи се очекува да го напушти Пари Сент Жермен.
Реал Мадрид веќе долго време работи на трансферот и важи како фаворит за потписот на младиот Французин, но сега „кралевите“ добија жестока конкуренција.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Имено, италијанските медиуми тврдат дека Јувентус следното лето нема да жали пари за да го донесе Мбапе во Торино.
Според информациите на „Тутоспорт“, Јувентус е спремен да понуди фантастични 400 милиони евра за услугите на Килиан Мбапе.
Јувентус е спремен да се откаже од својата ѕвезда Кристиано Роналдо, кој би можел да заврши токму во ПСЖ како дел од трансферот на Мбапе.
Медиумите тврдат дека „старата дама“ е спремна на Мбапе да му понуди годишна плата од 45 милиони евра плус бонуси.