
Јувентус е последниот клуб кој се вклучи во трката за португалскиот репрезентативец, Ренато Санчез, пренесува „Тутоспорт“.




Според пишувањето на медиумите Лил е спремен во летниот преоден рок да го продаде Санчез на кого договорот со францускиот клуб му истекува летото 2023 година.




Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Португалецот ја оживеа својата кариера во Лил и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а најсилен интерес за него покажуваа Милан и Арсенал.




Сега и Јувентус се вклучи во трката за Санчез, бидејќи Алегри смета дека идеално ќе се вклопи во неговиот стил на игра, а бара и засилување на средниот ред.




„Старата дама“ веќе стапила во контакт со неговиот агент Жорге Мендеш и ќе се обиде да ја победи конкуренцијата, но Милан во моментов е во пол-позиција за потписот на Ренато Санчез.