Се погласни се шпекулациите дека Јувентус на лето ќе го продаде бразилскиот репрезентативец Алекс Сандро, а „старата дама“ веќе ја почна потрагата по негова замена.
Алекс Сандро е мета на многу европски гиганти, па Јувентус најверојатно ќе се реши да го продаде ова лето за сума од 60 милиони евра.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
ПСЖ, Челзи и Манчестер Јунајтед се силно заинтересирани за Бразилецот и се спремни да ја платат оваа сума.
Италијанските медиуми тврдат дека „бјанконерите“ веќе ја нашле неговата замена, а станува збор за левиот бек на Келн и гермнаски репрезентативец, Хектор.
27-годишниот Германец веќе неколку сезони игра на високо ниво и за него интерес покажуваат неколку европски гиганти, како Барселона, Ливерпул и Баерн Минхен.
Јувентус веќе стапил во контакт со неговиот агент и е спремен да ја победи конкуренцијата, а Хектор во договорот има откупна клаузула од 15 милиони евра, што нема да биде проблем за италијанскиот шампион.