Играчот за врска на Лацио, Сергеј Милинковиќ Савиќ (23) е еден од најбараните фудбалери на пазарот.
Според последните информации Лотито не сака својата главна ѕвезда да ја пушти за сума помала од 120 милиони евра. Преговорите со Јувентус веќе се започнати, тоа го најави и „Газете дело Спорт“ во вчерашното издание со веста дека првата понуда од 80 милиони евра била одбиена од претседателот на римскиот клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Веќе денес се пишува за нова понуда!
Имено, Јувентус наводно повторно го контактирал Лацио и во новата понуда покрај 80 милиони евра вклучен е и Хрватот, Марко Пјаца.
Според првите проценки на Италијаните од оваа понуда повеќе би можел да профитира Лацио, со оглед на огромната сума и потенцијалот кој го поседува Пјаца.
Пјаца пролетниот дел од сезоната го помина како позајмен фудбалер во редовите на Шалке. Во Јувентус пристигна во 2016 година во трансфер вреден 23 милиони евра, а за клубот од Торино забележа 20 официјални настапи.
#Tuttosport
La Juve prête a utiliser Pjaca comme contre partie pour Sergej Milinkovic Savic pic.twitter.com/YoZd2nm6RW— FrSerieA (@FrSerieA) June 2, 2018