Дома Трансфер зона Јувентус планира да ја активира клазулата и за малку пари да го донесе Милик

Јувентус планира да ја активира клазулата и за малку пари да го донесе Милик

Според пишувањето на француски Л’екип, Јувентус сака да ја активира откупната клазула во договорот на Милик.

Полскиот напаѓач имаше несогласувања во Наполи, па во јануари премина во Марсеј. Испратен е на позајмица од 18 месеци со обврска за откуп на неговиот договор за осум милиони евра.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Меѓутоа, француски Л’екип тврди дека постои клазула според која Марсеј може да го продаде ако добие понуда од 12 милиони евра и Јувентус на лето ќе ја активира таа клазула.

Со оглед дека ќе се прави ремонт во екипата на Јувентус, доаѓањето на Милик за тие 12 милиони евра се смета добар потег на Старата дама.

Милик оваа сезона одигра осум натпревари за Марсеј и постигна три гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ренџерс ќе ја брка титулата во Шкотска со – Миовски и Варди!?

Глазгов Ренџерс се чини дека се чекор поблиску до ангажман на македонскиот репрезентативец…