Вчера и официјално беше потврден историскиот трансфер на Кристиано Роналдо во Јувентус.
Официјално најдобриот фудбалер на светот после 9 години го напушти Реал Мадрид, а генералниот директор на „старата дама“, Бепе Марота потврди дека Роналдо самиот му се понудил на Јувентус.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кристиано Роналдо самиот му се понудил на Јувентус, а акционерите на клубот дале зелено светло за исторскиот трансфер.
„Среќен сум, многу сум среќен. Најзаслужни за оваа зделка се самиот играч и акционерите на Јувентус. Роналдо беше првиот кој веруваше во ова, тој го иницираше првиот потег. Го избра Јуве, и кога разбравме дека можеме да ја искористиме оваа шанса, акционерите на клубот се сложија да ја поддршат зделката“, откри Марота.
Денес се огласи и тренерот на „бјанконерите“ Макс Алегри кој е пресреќен што ќе може да работи со Роналдо.
„Доаѓањето на Роналдо е салто во квалитет за сите. Ова е нешто неверојатно не само за Јувентус, туку и за целата италијанска лига“, истакна Алегри.