Дефанзивецот на Фиорентина и српски репрезентативец, Никола Миленковиќ е блиску до трансфер во Јувентус, пренесува „Калчомеркато“.
Алегри сака да ја засили одбраната бидејќи не му верува на Демирал, а Киелини е на залез на кариера и често е повреден, па го одредил Миленковиќ како приоритет.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Србинот влегува во последната година од договорот и Фиорентина ќе мора да го продаде ова лето, а преговорите со Јувентус се во напредна фаза.
„Калчомеркато“ пренесува дека во целата операција може да биде вклучен и Ругани, а целиот трансфер ќе изнесува 20 милиони евра со вклучени бонуси.