Италијанските медиуми најавуваат дека на Апенините не очекува возбудлив преоден рок.
Една од темите во денес беа Јувентус и Рома, двата клуба кои утре ќе ги одмерат силите во Серија А наводно би можеле да направат размена на играчи во која би биле вклучени тројца играчи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Калчомеркато“ објави дека Јувентус и Рома веќе некое време преговараат. Јувентус во своите редови сака да ги доведе Николо Заниоло и Лоренцо Пелегрини, додека се спремни во спротивен правец да го испратат Федерико Бернардески. Јувентус покрај Бернардески би доплатил некоја сума.
Сепак, впечаток е дека Рома тешко би се согласила на ваква размена бидејќи двајцата играчи се врзани со договор до 2024 година, меѓутоа многу зависи и од тоа колкава би била сумата која Јувентус може да ја понуди покрај Бернардески.
Заниоло и во текот на летото беше на мета на „старата дама“, но клубовите тогаш не успеаа да се договорат.