„Скај Италија“ лансираше вистинска „бомба“ и тврди дека Јуевнтус и Манчестер Сити се на чекор да договорат голема трампа.
Не е тајна дека „граѓаните“ подолго време се заинтересирани за Кансело, кој пак не влегува во плановите на тренерот Сари, а Јувентус беше спремен да го продаде за 50 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Скај Италија“ тврди дека двата клуба постигнале договор така што Кансело ќе се пресели на „Етихад“, а Јувентус ќе добие пари и Данило.
Данило е проценет на околу 30 милиони евра, па „старата дама“, покрај неговиот потпис треба да добие помеѓу 20 и 25 милиони евра.
Наводно сите детали се договорени и трампата треба да се комплетира во следните неколку дена.
Danilo ? Joao Cancelo
Si apre la trattativa tra Juventus e Manchester City [@romeoagresti]https://t.co/VatX73K8LR— Goal Italia (@GoalItalia) August 1, 2019