Преговорите за продолжување на договорот на Пауло Дибала со Јувентус ќе продолжат следниот месец, пренесува „Тутоспорт“.
Актуелниот договор на 27-годишниот Аргентинец истекува во јуни 2022 година, а „бјанконерите“ сакаат долгорочно да го задржат.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Двете страни подолго време преговараа и не можеа да најдат заеднички јазик околу финансиските детали, па преговорите се ставени во „мирување“.
Ако Дибала не стави потпис на нов договор до завршување на сезоната, тогаш сигурно ќе биде ставен на трансфер листа на лето.
Јувентус му предлага на Дибала договор според кој ќе заработува 10 милиони евра по сезона, што е за 2,5 милиони повеќе од актуелната плата.
Интерес за Дибала покажуваат Манчестер Јунајтед, Арсенал и Тотенхем.