Дефанзивецот на Манчестер Сити, Емерик Лапорт сака да го напушти англискиот шампион, а кариерата би можел да ја продолжи во Серија А.
Поранешниот дефанзивец на Билбао сака да ја промени средината и да се пресели во клуб каде ќе има поголема минутажа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Сити го изгуби првотимскиот статус и побарал од раководството да му биде дозволен трансфер.
Сиатуацијата ја следи Јувентус, кој е силно заинтересиран за Лапорт бидејќи во него гледа идеален наследик за Киелини.
Граѓаните“ се спремни да го продадат, но за неговата слобода бараат 60 милиони евра, што може да биде проблем за „бјанконерите“.