Дома Топ вести Јувентус го претстави Де Лихт: За прашањето на Ронадло, зошто Јуве пред Барса и ПСЖ, неговиот идол…

Јувентус го претстави Де Лихт: За прашањето на Ронадло, зошто Јуве пред Барса и ПСЖ, неговиот идол…

Холандскиот дефанзивец Матијас Де Лихт денес официјално беше претставен во својот нов клуб Јувентус.

Фантастичниот 19 годишен стопер одлучи ова лето да премине во редовите на „старата дама“.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


На денешната прес-конференција Де Лихт одговараше на новинарските прашање и се потсети на ситуацијата после финалето во Лигата на Нации кога Роналдо го праша дали ќе дојде во Јувентус.

Де Лихт тврди дека и пред таа средба со Роналдо знаел дека ќе премине во Јувентус.

„И пред финалето во Лигата на Нации бев сигурен дека сакам да дојдам во Јувентус, но секако дека прашањето на Роналдо беше голем комплимент за мене. Сепак, тоа не направи некоја разлика“.

„Како дефанзивец секогаш бев фан на Фабио Канаваро. Секогаш имав симпатии кон Јувентус. Навивав за овој клуб во деството“, порача Де Лихт.

Зошто го избрал Јувентус пред Барселона и ПСЖ?

„Беше тоа долг процес. Гледав што е најдобро за мене. Италија е земја каде што дефанзивците најмногу се ценат. Јуве покажа дека силно сака да ме доведе. Има повеќе причини затоа што избрав да дојдам тука, чуствувам дека сум на вистинското место“.

„Ова е голем чекор за мене прв пат ќе играм надвор од мојата татковина. Навистина сум среќен поради начинот на кој Јувентус ме дочека. Кога дојдов тука со Ајакс бев импресиониран од атмосферата“, изјави Де Лихт.

Холанѓанецот во Јувентус ќе го носи дресот со број 4.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …