Останаа уште неколку дена до крајот на преодниот рок, а раководството на Јувентус спрема вистинска „бомба“ за крај.
„Тутоспорт“ пренесува дека Јувентус работи на последниот трансфер во овој преоден рок, а тоа е ѕвездата на Фиорентина, Федерико Киеза.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Бјанконерите“ сакаат прво да се ослободат од Даглас Коста и да направат место за Киеза, а дел од трансферот ќе го финансира и Даниеле Ругани, кој е на излезна врата.
Фиорентина ја отвори вратата за продажба на Киеза и бара 50 милиони евра, а Јувентус е спремен да ја плати таа сума.
Имено, „старата дама“ нуди 10 милиони евра за едногодишна позајмица, плус 40 милиони евра за откуп следното лето.