Бразилецот Данило ќе биде првото големо засилување на Јувентус за следната сезона.
Угледниот АС пишува дека Јуве ја завршил работата за доведување на Данило, кој пристигнува како замена за Дани Алвеш. „Старата дама“ на Реал за Данило ќе му плати 30 милиони, а резервниот бек на „Мадриѓаните“ ќе биде првата опција во Торино, кој се откажаа од Даглас Коста, бидејќи го пополнија бројот на играчи кои доаѓаат од земјите што не се во Европската Унија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа, следното засилување Јуве ќе го добие од Италија, а планот е доаѓањето на Де Шиљо, одличниот бек на Милан, како и младиот италијански репрезентативец, Бернандески од Фиорентина.
Јуве за Бернандески ќе плати 40 милиони евра, а pпокрај пари во Фиорентина ќе го испратат Ринкон или Стураро