Дома Топ вести Јувентус во шок: Интер му ја „украде“ ѕвездата од пред нос!

Јувентус во шок: Интер му ја „украде“ ѕвездата од пред нос!

Вистинска трансфер „бомба“ ни доаѓа од Италија. Интер веќе постигнал договор со Доменико Берарди од Сасуоло и италијанскиот репрезнтативец ќе премине на „Џузепе Меаца“ следното лето.

Берарди еден период беше во ко-сопственост на Јувентус и Сасуоло, но во јуни 2015 по трансферот на Симоне Заза во Торино, Сасуоло во целост го откупи неговиот договот.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Сепак, двата клуба постигнаа џентлменски договор, „старата дама“ да има предност при купувањето кога ќе го напушта Сасуоло.

Меѓутоа, последните информации на медиумите од Италија велат дека Интер успеал да го украде Италијанецот од пред носот на лутиот ривал и дека Берарди, кој е голем фан на „нероаѕурите“ веќе потпишал преддоговор.

Не е познато колку Интер ќе му плати на Сасуоло за потписот на 22-годишниот крилен напаѓач, но медиумите шпекулираат дека трансферот ќе тежи помеѓу 25 и 30 милиони евра.

Берарди оваа сезона имаше проблеми со повредите и настапи на само 14 натпревари на кои постигна седум гола и запиша четири асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Усаин Болт измамен, останал без 12 милиони долари

Светскиот рекордед на 100 метри Усаин Болт тврди дека е измамен и дека изгубил 12 милиони …