Дома Трансфер зона Јувентус во пол-позиција: Алегри ја пронајде последната „коцка“ за совршен „мозаик“?

Јувентус во пол-позиција: Алегри ја пронајде последната „коцка“ за совршен „мозаик“?

Преодниот рок во Италија е отворен во петок, па така Јувентус има уште малку време да ја реализира последната желба.

Како пренесуваат француските медиуми, Адриен Рабио е блиску до заминување од ПСЖ, а тоа е јасно откако одби да го продолжи договорот со „светците“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Многу клубови се поврзуваа со овој млад француски репрезентивец. Рабио не е задоволен со својот статус во ПСЖ, а наводно лично Абидал кој е спортски директор на Барселона заминал во Париз да да преговара со овој играч.

Се споменуваше дека Рабио на „Ноу Камп“ би заработувал седум милиони евра, но преговорите во еден момент биле прекинати.

Наводно, тој паднал во втор план кога Барса започнала да се обидува да го доведе Пол Погба кој сега е прилично јасно дека ова лето ќе остане на „Олд Трафорд“.

Парижаните бараат 20 милиони евра, а единствената причина што цената е волку ниска е што има само уште една година од договорот.

Јувентус според последните информации сега е во пол-позиција, но Италијанците имаат само уште три дена пред затварање на преодниот рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…