Никола Јокиќ одигра уште еден одличен натпревар во НБА лигата.
Српскиот центар го водеше Денвер до победа над Детроит со резултат 134:119. Јокиќ за 27 минути на паркетот беше блиску до нов трипл-дабл, имаше учинок од 27 поени, 11 асистенции и 8 скокови со 13 погодени шутеви од 16 обиди.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Добра поддршка Јокиќ имаше и од Мајкл Портер кој постигна 25 поени и додаде седум скокови, како и од Вили Бартон кој уфрли 24 поени. Џереми Грант кај Пистонси беше најефикасен со 29 поени.
Стеф Кари имаше своја вечер и блескаше против Милвоки. Голден Стејт однесе победа со резултат 122:121. Кари натпреварот го заврши со 41 поен. Вориорси така ја прекинаа низата од три победи на Бакси.
Портланд без повредениот Јусуф Нуркиќ беа поразени како гости во „Стејплс центарот“ од ЛА Клиперси со резултат 133:116. Пол Џорџ ги водеше Клиперси со 36 поени, додека Пауел кај Портланд уфрли 32 поени.
НБА РЕЗУЛТАТИ: Индијана – Чикаго 97:113, Аталанта – Њу Орлеанс 123:107, Бостон – Филаделфија 96:106, Торонто – ЛА Лејкерси 101:110, Мајами – Мемфис 112:124, Денвер – Детроит 134:119, Голден Стејт – Милвоки 122:121, ЛА Клиперси – Портланд 133:116