Напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ го навлече гневот на себе во Шпанија и Србија откако избега од карантинот во Мадрид и се врати во Белград.
Сите играчи на Реал се во самоизолација, а Јовиќ за да присуствува на роденденот на своајта девојка, ја прекишил наредбата од клубот и се вратил во Белград.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа скапо ќе го чини напаѓачот бидејќи сега ќе добие кривична пријава за непочитување на самоизолацијата.
Спорно за полицијата е тоа што фудбалерот е забележан како се шета низ Белград со што ги прекршил прописите за самоизолација и се соочува со кривична пријава.
„Имаме подготвено и кривични пријави против некои од познатите спортисти. Овие луѓе ќе одговорат кога судот утврди дека е време за тоа “, потврди министерот за внатрешни работи на Србија.
Според извештаите во медиумите, освен Јовиќ, мерката за самоизолација ја прекршил и фудбалерот на Асколи, Никола Нинковиќ.
Покрај проблемите во Србија, Јовиќ сигурно ќе биде дополнително казнет од Реал Мадри за непочитување на клупските одлуки.