Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп верува во репрезентацијата на Германија, но смета и дека Шпанија може да стане нов европски шампион.
Откако го напушти Ливерпул по девет годни Клоп со сопругата е во Мајорка каде што ужива во животот без тренерската работа.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Цел живот сонував за куќа на југот. Го сакам ваквото време, ја сакам климата, луѓето тука…Многу ми одговара ова место“, изјави Клоп.
Иако не е фудбалски ангажиран сепак го следи Европското првенство.
„Германија е добра, Франција исто така, Англија очекувам да биде подобра дефинитивно. Во овој момент сепак мислам дека Шпанија покажа најмногу“, изјави Клоп.
Токму Германија и Шпанија ќе играат во четвртфиналето на во петок во Штутгарт, а во преостанатите натпревари силите ќе ги одмерат: Франција – Португалија, Англија – Швајцарија и Холандија – Турција.