Дома Македонски спорт Јаневски: Од првиот момент верував во себе и играчите

Јаневски: Од првиот момент верував во себе и играчите

Денес прес-конференција за медиумите одржа човекот кој успеа да го елиминира големиот Фенербахче и да го внесе Вардар во групната фаза од Лигата на Европа, Чедомир Јаневски.

Стратегот на Вардар потенцираше дека никако не смее да влеземе еуфорично во натпреварот против Зенит и дека екипата мора максимално добро да се подготви.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„После ждребот со право можам да кажам дека добивме тешка група, но тука нема лесни противници, секој клуб што се избори за место тука поседува свои квалитети. Работевме напорно и заслужено сме тука, подготовките за првиот натпревар против Зенит во Скопје веќе започнаа. Зенит е тим кој е добро познат и нема потреба премногу да се трошат зборови. Имаат фантастичен тренер како што е Роберто Манчини. Но, ние од никого не се плашиме го покажавме тоа и во двомечот со Фенербахче во кој ретко кој веруваше дека можеме да го елиминираме турскиот гигант“

Потоа Јаневски зборуваше за целите на Вардар во новата сезона.

„Како што споменав, од никого не се плашиме, против секого ќе играме на победа и три бода. Тука сум за заедно да победуваме и да носиме радост на нашите навивачи. Главна цел за нас ќе биде првенството, зошто само преку него можеме да дојдеме до излез во Европа. Располагаме со квалитетен кадар на играчи кои ќе можеме да ги ротираме во секој натпревар“.

Јаневски за крај истакна дека иако го превземал Вардар само на два дена пред натпреварот против Фенербахче, верувал во изненадување, како и дека го следел Вардар во претходните натпревари.

„Во моментот кога ме побара Вардар немав ангажман, поради тоа брзо се договоривме. Тука ја доживеав мојата афирмација, секогаш кога можев го следев Вардар. Имав можност го гледам нивниот прв натпревар против Копенхаген и токму тука видов тим кој има предиспозиции за изненадување, ако јас не верував во себе, не би успеал ниту да ги мотиварам моите фудбалери“, заврши Јаневски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Лина Ѓорческа не успеа да ја изненади 40. тенисерка во светот

Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа претрпе елиминација од Челинџер турнирот во …