Манчестер Јунајтед ги информираше своите навивачи дека ги продолжи договорите со двајца фудбалери – Ешли Јанг и Дејли Блинд.
Многу во последно време се зборуваше за споменатите фудбалери кои имаа договор до крајот на оваа сезона, но Жозе Мурињо и управата на клубот очигледно биле задоволни од нив и одлучија да го продолжат договорот до летото 2019. година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Јанг (32) оваа сезона стана незаменлив член во првиот состав на клубот од „Олд Трафорд“ и запиша дури 21 настап во Премиер лигата со три во ЛШ. Постигна вкупно два гола со пет асистенции.
Од другата страна, Блинд (27) не игра често во Премиер лигата, па до сега запиша само пет настапи, но затоа често е на теренот во ЛШ, каде што запиша шест од можните седум натпревари. Освен тоа, играше три пати во Лига Купот и еднаш во ФА Купот. Постигна еден гол и запиша две асистенции оваа сезона.