Манчестер Јунајтед вчера со 1:0 го совлада Тотенхем во дербито на колото во Англија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ентони Мартиал го постигна голот за важната победа на Јунајтед, кој без Пол Погба го запре Тотенхем, во чиј тим не го имаше повредениот Хари Кејн. Гостите многу очекуваа од талентираниот Деле Али, но ниту тој не им помогна на Спарсите за да го преживеат гостувањето на „Олд Трафорд“.
Ешли Јанг и Деле Али имаа неколку судири во текот на натпреварот, а во еден момент наводно Јанг му рекол на својот противник: „Кога ќе ја освоиш Премиер лигата, јави ми се“.
Јанг во 2011. година се пресели во Манчестер Јунајтед и со нив во 2013. година ја освои Премиер лигата, додека Али во претходните две сезони заврши на третото, односно второто место со Тотенхем.