Ламин Јамал по одличната сезона во Барселона продолжи да игра одлично и за Шпанија на Европското првенство, а пред неколку дена се појави информацијата дека клубот му го понудил дресот со број „десет“ за новата сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Изминатата сезона Јамал собори големи рекорди и испиша историја на Европското првенство станувајќи најмладиот фудбалер кој настапил на еден контиентален собир.
Сепак, Јамал наводно нема намера да ја прифати понудата од Барселона и ќе одбие да го носи.
Како што наведуваат медиумите, Јамал е свесен за неговата „тежина“ и не сака да избрзува и да си создаде дополнителен притисок на себе.
Во Барселона по заминувањето на Лионел Меси „десетката“ беше на грбот на Ансу Фати кој се најавуваше како нова голема ѕвезда, но се соочи и со повредите, па неговиот развој не одеше како што се очекуваше. На крајот беше испратен и на позајмица во Брајтон каде што исто така не блескаше.