Дома Останати Кошарка Јабуселе за првпат се огласи за боречкиот зафат во хаосот 🎥

Јабуселе за првпат се огласи за боречкиот зафат во хаосот 🎥

Кошаркарот на Реал Мадрид, Жерсон Јабуселе за првпат се огласи по вчерашниот хаос во натпреварот помеѓу „кралевите“ и Партизан во кој со боречки зафат го собори Данте Егзум.

Јабуселе беше еден од главните актери во тепачката која доведе до прекин на натпрварот. Преку социјалните мрежи тој сега испрати извинување.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


„Длабоко жалам за своето однесување. Кошарката треба да биде место каде што се слави спортот и пријателството. Најискрено се извинувам на Партизан, клуб со кој секогаш сме имале одличен однос. Се извинувам и до Данте Егзум и неговото семејство, како и на моите соиграчи, пријателите и навивачите“, порача Јабуселе.

До крајот на денот Евролигата треба да донесе одлука за евентуалните казни и суспензии од оваа средба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Ниту 41 поен на Дончиќ не беше доволен, Лејкерс повторно поразени (Видео)

Кошаркарите на Лос Анџелес го претрпеа нивниот трет последователен пораз откако загубија н…