Дома Топ вести Ѕвездата на Јунајтед е нов клиент на Раиола: Дали се спрема „бегство“ од Олд Трафорд?

Ѕвездата на Јунајтед е нов клиент на Раиола: Дали се спрема „бегство“ од Олд Трафорд?

Мино Раиола, кој од неодамна е во многу затегнати односи со Манчестер Јунајтед, стана агент на ѕвездата на „црвените ѓаволи“ Џеси Лингард.

Англиските медиуми овој потег на Лингард го толкуваат како прв чекор за заминување од „Олд Трафорд“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Пред една недела, Раиола го навредуваше англискиот клуб велејќи дека во моментот нема да испрати никој во Манчестер Јунајтед затоа што „дури и Диего Марадона, Пеле и Пауло Малдини ќе пропаднат таму“.

Клубот се обиде да го заобиколи Раиола во обид да привлече уште еден негов клиент, Ерлинг Халанд, кој на крајот замина во Борусија Дортмунд.

Џеси Лингард не игра најдобро оваа сезона и реши да го промени менаџерот, кој би можел да му обезбеди трансфер на лето.

Англиските медиуми пишуваат дека Лингард сака да го напушти „Олд Трафорд“, зашто не е задоволен со ситуацијата во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…