Дома Фудбал Англија ЅВЕЗДАТА НА ЧЕЛЗИ ГО НАПАДНА КОНТЕ: Мора да објасни зошто го направи тоа!

ЅВЕЗДАТА НА ЧЕЛЗИ ГО НАПАДНА КОНТЕ: Мора да објасни зошто го направи тоа!

Откако што минатата сезона ја освои титулата шампион на Англија, Челзи оваа сезона е во голема криза и сега би можеле да останат без пласман во Лигата на Шампионите.

По поразот од 1:4 од Вотфорд дојде до вербален конфликт на играчите и тренерот Антонио Конте во собелкувалната. „Sportsmail“ тогаш пишуваше дека италијанскиот тренер ја загубил довербата на играчите. Тоа го покажува и последната изјава на Тибо Куртоа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челзи со поразот од 1:2 од Манчестер Јунајтед испадна од ТОП 4 во Премиер лигата, а лондонскиот клуб одлучувачкиот гол на „Олд Трафорд“ го прими две минути откако што Конте го замени Еден Азар.

„Не можам да ја објаснам таа одлука да го замени Азар. Не очекував да го замени, но тоа е избор на тренерот. Тој тоа мора да го објасни, јас не можам да влезам во неговата глава. Играчи како Еден мора да бидат на теренот сите 90 минути, бидејќи секогаш можат нешто да донесат“, изјави Куртоа, соиграчот на Азар и од белгиската репрезентација.

Челзи во моментов е петти на табелата, два бода зад Тотенхем и 19 бода помалку од лидерот Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал приреди епски пресврт и повторно е во финале🎥

Реал Мадрид се пласираше во финалето од Лигата на шампиони, откако после драма го победи Б…