Дома Останати Кошарка Ѕвездата на Никси мора на операција

Ѕвездата на Никси мора на операција

Како што пренесуваат медиумите во САД, Летонецот најверојатно ќе мора на операција.

Феноменалниот Кристап Порзингис не престанува да ги воодушевува љубителите на кошарката ширум светот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Откако Кармело Ентони замина во Оклахома прва ѕвезда на Њујорк Никси стана Порзингис, а тимот од „Медисон Сквер Гарден“ има позитивен скор после 11 одиграни натпревари.

Вчера тие го доживеаа петиот пораз во сезоната, совладани беа од Орландо, а во ростерот на клубот од „Големото Јаболко“ го немаше токму Порзингис, па јасно е зошто Орландо славеше.

Летонецот има проблем со лактот и неговиот следен настап е под знак прашалник.

„Кога по повторно го удрив, почуствувам дека е осетлив. Имам проблем, но не е страшно. Сепак, мислам дека кога сезоната ќе заврши ќе морам да направам нешто повеќе. Не можам да дозволам ова да ми се случува секоја сезона“, изјави Порзингис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Најновата листа за МВП во НБА предизвика изненадување меѓу навивачите

Во текот на оваа седмица, НБА објави листа со кандидати за наградата најкорисен играч за н…