Играчот за врска на Ливерпул, Наби Кеита одби да го продолжи договорот со клубот, пренесуваат англиските медиуми.
Кеита има договор на уште две години, но нема намера да преговара со Ливерпул за продолжување на неговиот престој на „Енфилд“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Кеита не е задоволен од својот статус во тимот и минутажата во тимот, па бара ганарции од Клоп дека ќе има поважна улога во тимот.
Кеита на лето ќе влезе во последната година од договорот, а многу европски клубови се заинтересирани за неговиот потпис.
Италијанските медиуми пренесуваат дека големи се шансите на лето да се пресели во Серија А, бидејќи најсилен интерес за него покажуваат Рома и Милан.