Дома Топ вести Ѕвездата на Лајпциг ќе биде прво летно засилување за Милан

Ѕвездата на Лајпциг ќе биде прво летно засилување за Милан

Италијанскиот гигант Милан на лето повторно ќе претрпи големи промени, а медиумите пренесуваат дека на кормилото на „росонерите“ следната сезона ќе седне Ралф Рагник.

Рагник веќе договорил тригодишна соработка со Милан, каде покрај тренер, ќе биде и спортски директор, функција која во минатото ја извршуваше во Салцбург и Лајпциг.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека првото засилување кое Рагник ќе го донесе на Сан Сиро е ѕвездата на Лајпциг, Дајот Упаменако.

Иако Упамекано има само 20 години, тој веќе две сезони е стандарден во редовите на Лајпциг, па неговиот потенцијал го забележаа неколку европски гиганти, како Баерн Минхен, ПСЖ, Тотенхем и Манчестер Сити и Атлетико Мадрид.

Рагник одлично го познава дефанзивецот бидејќи тој го донесе во Лајпциг, а Милан наводно е спремен да ја плати откупната клаузула која изнесува 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Промашувањето од 40 милиони евра на Јунајтед се враќа на „Олд Трафорд“

Дони ван де Бик во Манчестер Јунајтед пристигна за 40 милиони евра, но не успеа да ги опра…