Новак Ѓоковиќ го победи Карлос Алкарас во четвртфиналето на Австралија опен и во разговор со медиумите ги изнесе впечатоците од натпреварот.
Многумина се сомневаа дали Новак може да игра со Синер и Алкарас, а српскиот тенисер беше брутално искрен одговарајќи на тие тврдења.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
„Многу луѓе се сомневаат – се сомневаат цел живот, целата моја кариера ме следи тоа. Луѓето постојано се обидуваат да ме понижат и работите кои ги направив. Тоа е едноставно дел од кариерата и животот на професионален спортист кој е многу успешен. Дополнително е тоа поради мене и мојата ситуација, од каде доаѓам и милион други нешта и причини. Но, не е тоа нешто што ме обесхрабрува, напротив! Тоа ме мотивира повеќе да им докажам на луѓето дека уште можам да победувам на најголемата сцена, најголемите турнири против најдобрите во светот. Тоа го докажав и денес. Продолжувам, ова не е крајот на турнирот. Се надевам на најдоброто, полуфиналето, веројатно ќе биде уште потешко против Зверев. За да го освојам турнирот веројатно ќе мора да победам третиот, вториот и првиот во светот. Добро, напротив – тоа е мотив плус. Некојпат се радувам на сите предизвици. Поради вакви натпревари, околности и можности јас сè уште се занимавам професионално со тенис, така што… Се поставив во позиција да сум во последните четири на мојот најуспешен Гренд слем, така што – ќе видиме“, заклучи тој во разговор со медиумите во Мелбурн.