Дома Фудбал Ѓокереш од лето ќе има нов клуб, но сега почнува жестоката борба за неговиот потпис

Ѓокереш од лето ќе има нов клуб, но сега почнува жестоката борба за неговиот потпис

Виктор Ѓокереш со своите партии и одлични голови го привлече вниманието на фудбалската планета, а многу големи клубови сакаат да го доведат летово.

Виктор Ѓокереш оваа сезона ја воодушеви целата фудбалска јавност и го сметаат како дело од светска класа меѓу напаѓачите.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Шведскиот напаѓач моментно е повреден, но оваа сезона статистички е навистина на неверојатно ниво.

Во дресот на Спортинг, Ѓокереш постигна 34 погодоци и подели седум асистенции во досегашните 33 натпревари.

Според пишувањата на англиските медиуми, во трката за потписот на Ѓокереш моментално води Манчестер Јунајтед, кој сака со сите сили да го доведе напаѓачот.

Трансферот би можел да изнесува околу 60 милиони фунти, но целата ситуација ја следат уште многу големи клубови.

Меѓу нив најмногу се истакнуваат Арсенал и Баерн, кои исто така би сакале да го потпишат шведскиот напаѓач кој навистина има неверојатни напаѓачки способности.

Тоа го потврдуваат неговите бројки од Спортинг, кои се малку надвор од границите на човечкото разбирање.

За Спортинг одигра 83 натпревари и постигна 77 погодоци и подели 22 асистенции, што е неверојатен податок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На клупата на Реал тагува момче од 50 милиони, изразот на лицето кажува сè (Фото)

Бразилскиот напаѓач Ендрик оваа сезона не одигра ниту една минута за Реал Мадрид. Иако ода…