Дома Македонски спорт Мак баскет Ѓоровиќ: Целта не се менува, одиме во Рига по победа!

Ѓоровиќ: Целта не се менува, одиме во Рига по победа!

Уште еднаш, во февруари, на истото место, нашите девојки ќе се обидат да стигнат до прв квалификациски триумф.

По задолжителните тестирања од корона ворусот, нашата женска сениорска репрезентација се упати кон Охрид, каде веќе ги одработија првите тренинзи од подготовките за она што следува на почетокот на февруари.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Квалификациските натпревари на турнирот кој ФИБА одреди повторно да биде во Рига. На 4. февруари против Летонија, односно 6. февруари против Хрватска, нашите девојки ќе се обидат, уште еднаш, да стигнат до првата квалификациска победа.

Селекторот Владимир Ѓоровиќ и неговите асистенти Срѓан Дамнјановски и Александар Ашаданов ќе се обидат овој тим кој е во Охрид, заедно со Анџелика Митрашиновиќ и Девана Бонер да го направи тоа.  

„Тука во Охрид, ќе бидеме седум дена. А првите тренинзи ќе ни послужат да видиме до каде се девојките со онаа физичка подготовка. Да се обидеме сето тоа да го нивелираме, бидејќи е јасно дека некои се во некоја понапредна фаза, други во изминатиот период беа без официјални натпревари. Во некоја, би ја нарекол ‘втора фаза’, ќе почнеме со воигрувањето, поставување на одредени елементи во играта во нападот, и во одбраната. Секако, тоа би било кога на располагање ќе ја имаме Анџелика Митрашиновиќ која очекуваме да дојде во Охрид за два дена– гласи првиот рапорт на селекторот.

За разлика од оној ноемвриски циклус, во овој февруарскиот, составот на малку променет?

„Да, засилени сме со Софија Лазареска и со Катерина Поп-Димитровска, кои требаше да бидат дел од тимот и на минатиот квалификациски циклус. Но поради вирусот, не можев да сметам на нив. Сега е поинаку, тука се со нас. На овие подготовки се и две млади и перспективни кошаркарки, Матеја Атанасовска и Елена Тасевска, кои ќе ја зголемат конкуренцијата, и ќе придонесат тренингот да биде поквалитетен“.

Охрид секогаш носи максимални услови за тренинзи?

„Не менуваме ништо. Пред некој месец успешно ги реализиравме подготовките, Очекувам истото да биде и сега. Навистина во хотелот ‘Тино’ имаме се што ни треба, А во затоплената сала „Билјанини извори“ може да се работи цел ден. Затоа благодарност до раководството на федерацијата за сето ова што ни го овозможува, се со цел да бидеме максимално подготвени за последните два натпревари во квалификациите на кои ќе се обидеме да го реализираме нашиот план. Да победиме на некој од нив“- дополнува Ѓоровиќ по првите одработени тренинзи во Охрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Македонија напредуваше на ФИФА ранг листата

Македонската фудбалска репрезентација го подобри својот пласман на ранкингот на Светската …