Новак Ѓоковиќ без поголеми проблеми со 2-0 во сетови го совлада Џон Иснер и се пласира во четвртфиналето на турнирот во Шангај.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ѓоковиќ, кој се наоѓа во фантастична форма после повредата на раменото, првиот сет го доби со брејк во последниот 12 гем и славеше со 7-5. Тогаш и го скрши отпорот на противникот, а вториот сет го доби без поголеми проблеми со 6:3.
Во четвртфиналето српскиот тенисер ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Хукач и Циципас.