Новак Ѓоковиќ одново лесно стигна до победа на Олимписките игри. Србинот со рутинска победа во два сета дојде до втора победа.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ѓоковиќ во два сета беше подобар од Јан-Ленард Штруф (6.4, 6:3). Во првиот сет видовме изедначена игра до 4:4, а тогаш Новак го направи клучниот брејк.
Вториот сет започна фуриозно, германскиот ас возврати со првиот брејк на мечот. Меѓутоа не успеа да го потврди и Новак повторно се одлепи и направи голем чекор кон победата.
Противник во третото коло на Ѓоковиќ ќе биде Алехандро Давидович Фокина од Шпанија.
Изненадување денес е елиминацијата на Марин Чилиќ кој беше поразен од Пабло Карено-Буста.