Тениската сезона е суспендирана најмалку до 13. јули поради коронавирусот.
Откажани се некои големи турнири како Роланд Гарос (кој ќе се игра во септември) или Вимблдон. Исто така, откажана е комплетната сезона на трева како и неколку Мастерси во САД.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Славниот шведски тенисер Матс Виландер смета дека најголем губитник од оваа ситуацијата е Новак Ѓоковиќ кој претходно беше во налет на победи и освоени титули.
„Ѓоковиќ е најголемиот губитник во оваа ситуација. Не изгуби ниту еден натпревар од почетокот на сезоната и пандемијата го запре неговиот налет. Исто така и младите многу губат. Момците како Шаповалов, Циципас или Ожер Алисим не ги интересира тренингот, тие најдобро напредуваат со играње натпревари.“ – изјави Матс и додаде:
„Единствените кои профитираат се оние кои беа повредени после Австралија Опен. Кога сезоната ќе продолжи сите ќе тргнат од нула. Единствено што е лошо што не се знар кога тоа ќе биде.“
Ѓоковиќ од почетокот на сезона беше без пораз и ги освои Австралија Опен и Дубаи.