Грчкиот тенисер Стефано Циципас се пласираше во полуфиналето на АТП мастерсот Шангај.
Фантастичниот Грк во натпреварот од четвртфиналето после пресврт го совлада најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ со 2:1 во сетови 3:6, 7:5 и 6:3.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ѓоковиќ одлично влезе во натпреварот. Веќе во вториот гем направи брејк, успеа да го сочува во седмиот гем кога грчкиот тенисер имаше да го врати изгубениот гем и првиот ссет лесно го заврши со 6:3.
Вториот сет донесе одличен тенис на двете страни. Тенисерите беа прилично сигурни на свој сервис, но Циципас сериозно се закани во шестиот гем кога Ѓоковиќ успеа да спаси две брејк топки.
Меѓутоа Гркот ја искористи наредната шанса. Стигна во 12-тиот гем од вториот сет кога направи брејк и го доби овој дел од играта со 7:5 за изедначување на 1:1.
Циципас продолжи да игра одлично и во третиот сет кој го доби со 6:3.