Поранешниот директор на Ферари, Жан Тод изјави дека неговиот пријател Михаел Шумахер повеќе не е истиот Михаел Шумахер кого го знаеме од времето кога доминираше во Формула 1.
Седумкратниот светски шампион и еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1 доживеа тешка повреда на главата на скијање во декември 2013 година. Шест месеци беше во индуцирана кома, од која беше разбуден во јуни 2014 година, а во септември истата година беше пуштен на домашно лекување и оттогаш нема информации за неговата состојба.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За Шумахер се грижи сопругата Корина и медицинскиот персонал во нивниот дом на Женевското езеро.
Тод беше директор на Ферари кога Шумахер освои пет последователни шампионски титули од 2000 до 2004 година и двајцата со текот на времето станаа добри пријатели.
“Мик е тука, па не ми недостига. Но тој едноставно не е оној Мик од порано. Тој е поинаков и на најдобар начин е предводен од неговата сопруга и децата кои го заштитуваат. Сега е поинаков и јас ја имам привилегијата да споделувам моменти со него Тоа е се што би можел да ви кажам“, изјави Тод.
„За жал, судбината пред 2010 година целосно го промени. Ќе повторам тој не е Мик кој што сите го знаевме“, додаде Тод.
Шумахер е еден од најуспешните возачи во историјата на Формула 1 со седум титули (1994, 1995, 2000, 2001, 2002, 2003, 2004), 91 победа и 155 пласмани на подиумот.